Ја фатил кроз отворениот прозорец од автомобилот и ја влечел цели 20 метри по коловозот – грозоморен случај на семејно насилство го потресе скопското село во општина Петровец.

Инцидентот се случил во раните вечерни часови кога младиот возач, управувајќи патничко возило „фиат“ со скопски таблички, брутално ја зграпчил својата 42-годишна мајка додека била до автомобилот, по што дал гас и ја влечел по патот, оставајќи ја со сериозни телесни повреди пред да побегне од местото.

Повредената жена веднаш била пренесена во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде медицинските екипи ѝ укажале итна лекарска помош и ги санирале повредите од падот и влечењето.

Полициските патроли брзо го лоцираа бегалецот, па 24-годишниот Р.Д. беше лишен од слобода во раните вечерни часови.

По целосно документирање на овој насилен случај, СВР Скопје против него ќе поднесе соодветна кривична пријава до надлежното обвинителство.

Exit mobile version