Прекинати преговорите за Брегзит: Нема услови за договор

Главниот преговарач на Европската унија во разговорите за излез на Велика Британија од Унијата, Мишел Барние изјави денеска дека интензивните разговори со Лондон во моментот се прекинати.

Според него, нема услови за постигнување договор.

-Денеска по една недела интензивни преговори со Лондон заедно со британскиот преговарач Дејвид Фрост оценивме оти нема услови за постигнување договор, а поради значајните разлики во областите за управување и рибарство, напиша Барние на Твитер.

Рече дека преговорите сега се прекинати и оти главните градови се известени за моменталната ситуација. Барние најави дека утре претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен ќе разговара со премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.12.2020 - 22:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега