Вчера во 18:30 часот во ОВР Радовиш било пријавено дека на регионалниот Радовиш-Конче, на влез во село Конче, патничко возило „тојота“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од А.А.(42) од Радовиш, удрило во осумгодишно дете од с.Конче, општина Конче.

Како што се наведува во полицискиот билтен, во несреќата со тешки телесни повреди се здобило детето, констатирани во Клиничка болница Штип.

Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Радовиш.

Exit mobile version