Вчера во 15:53 часот во СВР Куманово е пријавено дека на регионален пат Куманово- Скопје, патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.А.(20), удрило во деветгодишно девојче, двајцата од Куманово.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобило детето, констатирани во Општа болница Куманово.

Известен е јавен обвинител, а увид е извршен од увидна екипа од СВР Куманово.

Exit mobile version