Прегазен велосипедист во Кичево, со тешки повреди пренесен во болница

Вчера во 11.45 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на крстосницата од магистралниот пат Охрид - Кичево со ул.„Марксова“ во Кичево, патничко возило „хјундаи“ со кичевски регистарски ознаки управувано од Б.Џ.(80) од с.Црвивци, кичевско, удрило во велосипед управуван од С.Д.(77) од Кичево.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот констатирани во Медицински центар Кичево.

По овластување на јавен обвинител извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево.

11.06.2024 - 12:55

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега