Прегазен пешак во Скопје, во него удрило патничко возило

 

 

Во СВР Скопје, вчера во 09.00 часот било пријавено дека на крстосницата од ул.„Франклин Рузвелт“ со сервисна улица, патничко возило „југо корал 45“, управувано од М.Р.(75) од Скопје, удрило во пешакот Р.М.(93) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

13.09.2023 - 13:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега