Прегазен пешак во Скопје - итно пренесен во болница

 


Вчера во 06.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Св.Кирил и Методиј“ во Скопје, патничко возило удрило во пешакот М.Б.(50) од Скопје, по што возачот со возилото го напуштил местото.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

11.09.2024 - 12:33

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа