Прегазен пешак во Неготино, починал на лице место

 

Денес во 12.25 часот во ОВР Неготино било пријавено дека на паркинг простор на улица „ЈНА“ во Неготино, товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Л.З.(27) од село Глумово, општина Сарај, удрило во пешакот С.Т.(78) од Неготино.

Од здобиените повреди С.Т. починал на местото.

Лекар од Итна медицинска помош Неготино констатирал смрт, а увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Неготино. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.

28.02.2024 - 15:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега