Прегазен пешак во Липково

63-годишен пешак е прегазен во селото Отља, липковско.

-Вчера во 22.25 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово-с.Никуштак, во с.Отља, општина Липково, патничко моторно возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.С.(52) од с.Ропаљце, општина Липково, удрило во пешакот Н.С.(63) од с.Отља. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општата болница во Куманово, велат од полицијата.

 Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово.

25.10.2021 - 11:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега