Вчера во 14:20 часот, на крстосницата на булеварот „Ослободување“ со улицата „11 септември“ во Кичево, патничко возило „фиат пунто“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Д.М.(73) од Кичево, удрило во З.М.(83) од кичевското село Кнежино.

З.М. бил пренесен во Општата болница во Кичево, каде му биле констатирани телесни повреди. Увид на местото на незгодата извршија полициски екипи.

Exit mobile version