Прегазен маж во Скопје - возачот избегал

Жител од Скопје се здобил со тешки телесни повреди откако во него удрило моторно возило во скопската населба „Илинден“.

Имено синоќа во 21.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„34“ во населба Илинден-Скопје, патничко моторно возило „ауди“ удрило во пешакот Б.К.(45) од Скопје, по што го напуштило местото на настанот.

Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти полицијата.

14.09.2021 - 12:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега