Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) издаде итно предупредување за дестабилизација на времето во централните делови на државата.

Според информациите од метеоролозите, во моментов во овие региони има појава на пороен дожд, засилени грмежи и силен ветер.

Нестабилната облачна маса има правец на движење од запад кон исток.

Од УХМР нагласуваат дека во следниот период ова невреме директно ќе ги зафати подрачјата на Општина Кавадарци и Општина Неготино.

Претходно во текот на денот, од Управата информираа дека во централните планински региони веќе се регистрирани врнежи од дожд и појава на грмежи, каде облачноста исто така се движела во правец од запад кон исток.

Граѓаните од зафатените подрачја се повикуваат на зголемена будност и претпазливост при движење на отворено во следните часови.

Exit mobile version