Close Menu
Press24
    Најново

    Два месеца крадел на подрачјето на Гостивар, полицијата приведе 38-годишник

    30.10.2026 во 16:49

    Апсења во Скопје

    30.10.2026 во 16:45

    Паднаа двајца полицајци од Радовиш: Навеле лажни податоци во службен извештај за контролирани возила

    30.10.2026 во 16:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Два месеца крадел на подрачјето на Гостивар, полицијата приведе 38-годишник
    • Апсења во Скопје
    • Паднаа двајца полицајци од Радовиш: Навеле лажни податоци во службен извештај за контролирани возила
    • Драма кај трговски центар во Тетово: Малолетници нападнале и ограбиле 62-годишен маж – едниот го повредил со остар предмет
    • Двајца малолетници паднале од електричен тротинет – едниот со тешки повреди
    • Тренчевска за амандманите на СДСМ: Посебниот додаток за децата со попреченост да се зголеми за 15%
    • Ограбена аптека во Центар
    • Ристески: Дигитализација и иновациите се неопходни за компаниите да опстанат и да бидат конкурентни
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Предлог-законот за упатување работници во други држави денеска на комисиска расправа

    Предлог-законот за упатување работници во други држави денеска на комисиска расправа

    03.06.2026 во 08:111 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во Собранието денеска седници ќе одржат Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика, Комисијата за финансирање и буџет и Комисијата за надворешна политика и надворешна трговија.

    Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика ќе го разгледува Предлог-законот за изменување на Законот за упатување работници од Република Северна Македонија во други држави за изведување градежни работи преку проектни договори и за вршење други сезонски работи, во прво читање.

    Пред членовите на Комисијата за финансирање и буџет ќе се најдат Предлог-законот за игрите на среќа и забавните игри, како и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност, исто така во прво читање.

    На седницата на Комисијата за надворешна политика и надворешна трговија, Орхан Муртезани ќе ја претстави платформата за дипломатските активности како вонреден и ополномоштен амбасадор и шеф на Постојаната делегација на Република Северна Македонија при НАТО.

    Пред членовите на Комисијата својата платформа за дипломатските активности ќе ја презентира и Светлана Гелева, кандидат за вонреден и ополномоштен амбасадор и постојан претставник на Република Северна Македонија при Советот на Европа во Стразбур.

    Top News
    Прочитај повеќе

    Два месеца крадел на подрачјето на Гостивар, полицијата приведе 38-годишник

    30.10.2026 во 16:49

    Апсења во Скопје

    30.10.2026 во 16:45
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.