Досегашниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, денеска ќе одржи прес-конференција на која ќе ги презентира резултатите од двегодишното работење на институцијата.
На настанот ќе бидат претставени најзначајните реформи, реализираните проекти, унапредувањата во здравствениот систем и постигнатите резултати во интерес на осигурениците.
Од Фондот информираат дека ќе бидат презентирани и клучните политики со кои е овозможена поголема достапност на здравствените услуги и лековите, подобрување на правата на осигурениците, зголемена транспарентност во работењето и поефикасно управување со средствата на институцијата.
Презентацијата доаѓа откако Клековски доцна синоќа беше избран за министер за здравство, со што ја завршува својата функција на директор на Фондот за здравствено осигурување.


