Скопската зоолошка градина беше место на несекојдневен и крајно разочарувачки инцидент. Познатиот зоонегувател Војо Иванов преку социјалните мрежи сподели вест која ги остави граѓаните во неверување – дел од посетителите решиле да ги присвојат подароците наменети за роденденот на мајмунот Мики.

„Правевме роденден на мајмунот Мики. Повеќе од пола подароци му ги украдоа гости (луѓе!!!) – на мајмунот!!! Толку имам да кажам“, напиша разочараниот Иванов.

Оваа објава предизвика лавина од негативни коментари и осуда за однесувањето на поединци кои не покажале ниту малку почит кон животните и трудот на вработените во Зоо Скопје.

Exit mobile version