Close Menu
Press24
    Најново

    Неофицијално: Вечерва во Прилеп уапсен виш јавен обвинител

    06.10.2026 во 19:35

    ГАЛЕРИЈА: Голема заплена на Царината – Ги фатиле со 79 кила дрога

    06.10.2026 во 10:55

    Мицкоски против кратење на празниците: Правата на работниците треба да се почитуваат

    06.10.2026 во 11:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • СДСМ обвинува: Владата ќе се задолжи за нови 250 милиони евра
    • ФОТО: Почина познатиот светски актер – Го нашле мртов во домот, лекарите го реанимирале но му немало спас
    • Ниту студот не ги запре пожарите: ЦУК со пресек за состојбата
    • Голема среќа за еден знак: Денеска му се отвораат сите врати
    • Нафтата повторно над 100 долари – Растат стравувањата за снабдувањето
    • Нова градинка во Шуто Оризари: Мицкоски денеска ја пушта во употреба
    • Задолжителната медијација пред Уставен суд: Ќе се оценува одредбата за споровите до 1 милион денари
    • Холандска делегација доаѓа во Собранието на средба за евроинтеграциите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Пратениците се враќаат во собраниските клупи: 53 точки на дневен ред

    Пратениците се враќаат во собраниските клупи: 53 точки на дневен ред

    02.09.2026 во 07:532 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Собранието денеска ќе ја одржи 121. седница, на чиј дневен ред се 53 точки. Пратениците, меѓу другото, ќе расправаат и ќе гласаат за именување вицегувернер на Народната банка, повеќе ратификации, како и за Предлог-законот за пријавување и проверка на странски директни инвестиции, во прво читање.

    На дневен ред е и Предлог-националната стратегија за безбедност на сообраќајот на патиштата 2026–2030 година, како и Предлог-одлуката за давање согласност на Статутот на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад.

    Пратениците треба да гласаат и за именување на Арљинда Хасани Синани за вицегувернер на Народната банка на Република Северна Македонија. Местото беше испразнето по распишувањето на јавен оглас за избор на нов вицегувернер.

    Во рамки на седницата ќе се разгледуваат и ратификациите на Конвенцијата за Бирото на Европската конференција за цивилно воздухопловство, Протоколот со Литванија за спроведување на Спогодбата за преземање лица кои престојуваат без дозвола, како и договорите со Словенија и Португалија за соработка во областа на одбраната.

    На дневен ред се и голем број предлог-закони по скратена постапка, главно со цел усогласување со новиот Закон за високите раководители. Измените опфаќаат повеќе области, меѓу кои пензиското и инвалидското осигурување, јавните набавки, царината, здравството, земјоделството, животната средина, инспекцискиот надзор, управувањето со кризи, железничкиот систем и други.

    Собранието ќе го разгледа и Годишниот извештај на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер за 2025 година.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    СДСМ обвинува: Владата ќе се задолжи за нови 250 милиони евра

    07.10.2026 во 08:23

    ФОТО: Почина познатиот светски актер – Го нашле мртов во домот, лекарите го реанимирале но му немало спас

    07.10.2026 во 08:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.