Пратениците изгласаа продолжување на кризните состојби
Пратениците денеска изгласаа продолжување на кризните состојби заради недостиг на електрична и топлинска енергија. Продложувањето на кризната состојба е заради недостиг на електрична енергија на територијата на цела држава, како и недостиг на топлинска енергија во главниот град.
Oвие кризни состојби ќе се прогласат од утре (1 октомври) и ќе важат до крајот на април 2023 година.
Продолжувањето на рокот на постоење на кризна состојба на целата територија на државата заради недостиг на електрична енергија и состојбите на пазарите на електрична енергија беше изгласано со 83 гласа „за“, ниту еден „против“ и ниту еден „воздржан“.
Предлог-одлуката за продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на подрачјето на Град Скопје, заради недостиг на топлинска енергија, можноста за користење на алтернативно гориво и состојбите на пазарот на топлинска енергија, пак, беше изгласана со 86 гласа „за“, ниту еден „против“ и ниту еден „воздржан“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа