На предлог на Министерството за транспорт, пратениците во Собранието денеска ги изгласаа измените на Законот за градење и Законот за градежно земјиште. 

Со измените на овие два суштински закони го потикнуваме економскиот развој на државата и општините, озоможуваме поквалитетни услуги за граѓаните и рационално користење на јавните добра.

Со измените на Законот за градежно земјиште за прв пат овозможуваме јасен увид во целокупната линиска инфраструктура во државата (оптички кабли, телекомуникациска мрежа, водоводни и канализациони системи, гасоводни мрежи, нафотводи, итн). Тоа подразбира конечно вооспоставување на ред во линиската подземна инфраструктура со што се овозможува нивно впишување во евиденцијата во Катастарот на инфраструктурни градби во Агенцијата на катастарот за недвижности. 

Понатаму, со измените на овој Закон овозможуваме општините да можат да располагаат со градежното земјиште предвидено со урбанистички план за Технолошки индустриски зони, се со цел општините да имаат економски развој, а домашните компании полесно да ги реализраат своите инвестициски планови. Со овие измени стимулираме дополнителен економски развој на територијата на државата. 

Исто така со измените се изврши усогласување на Законот за градежно земјиште со Законот за урбанистичко планирање. 

Во однос на Законот за градење, ги подобруваме условите за регулирање на имотно правниот статус на базните станици на телекомуникациските компании, а преку тоа директно стимулираме поквалитетни и поефикасни телекомуникациски услуги за граѓаните.

Дополнително со донесените измени во Законот за градење создаваме професионален пристап и го подигнуваме нивото на квалитет за техничкиот преглед на градбите од прва категорија. 

Exit mobile version