Бисера Костадиновска Стојчевска во набљудувачка мисија на изборите во Босна и Херцеговина

Пратеничката Бисера Костадиновска Стојчевска, како дел од делегацијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ), учествувала во меѓународната набљудувачка мисија на изборите во Босна и Херцеговина, информираат од Собранието.

На изборите граѓаните гласале за членовите на Претседателството на БиХ, како и за составите на државните и ентитетските парламенти. Се избирале и претседател и потпретседатели на Република Српска, Народното собрание на Република Српска и кантоналните собранија во Федерацијата БиХ.

Од Собранието посочуваат дека изборите биле значајни и поради воведувањето дигитални алатки во изборниот процес, меѓу кои скенери и уреди за земање отпечатоци.

Според информациите, изборниот процес поминал со почитување на демократските принципи, при што новата технологија била дел од напорите за унапредување на изборниот процес и овозможување граѓаните непречено да ја изразат својата волја.

Exit mobile version