Се се сведува на уставните измени ни порача Фон Дер Лајен по вчерашната посета на Македонија.

– Целосно стоиме зад Северна Македонија на нејзиниот пат кон ЕУ. Може да сметате на нас, напиша на социјалната мрежа „Х“ претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, по средбата во Владата со премиерот Христијан Мицкоски.

-Вашиот следен и единствен чекор пред отворањето на преговорите е јасен, а тоа е да ги направите уставните измени. Топката е во Вашиот двор. ЕУ е подготвенам напиша кусо Фон дер Лајен. 

Пораката доаѓа на само неколку дена пред изборниот молк во рамки на турнејата која Претседателката на Европската комисија ја имаше во регионот.

Внесувањето на Бугарите во Уставот е условот за старт на преговорите кој го договори претходната Влада што во голема мера влијаеше на нејзиниот рејтинг што се покажа и на изборите.
Новата гарнитура на Премиерот Мицкоски не е подготвена за овој чекор се додека не види јасни гаранции дека Бугарија нема и во иднина да ги злоупотребува алатките на ЕУ за билатерални прашања. Беше испорачан и предлогот за уставни измени со одложено дејство кој барем како што сега стојат работите не придонесува за забрзување на процесот.
И Премиерот Мицкоски но и Претседателката Сиљановска веќе најавија дека по Нова Година се очекува раздвижување во овој процес.

Exit mobile version