Познати идентитетот на лицето кое со легитимација помина на патарина без да плати - СВР Тетово го расчисти случајот

Тетовската полиција соопшти дека ќе поднесе соодветен поднесок за 32 – годишник од Желино, кој на социјалните мрежи објавил како поминува на патарина без да плати билет покажувајќи одредена легитимација. Видео-клипот беше објавен на 15 јануари годинава на социјалната мрежа „Тик-ток“.

-Станува збор за М.З. (32) од тетовско Желино и со него вчера (19.01.2021) е извршен службен разговор во полициска станица, а по целосно документирање на случајот, ќе му биде изготвен соодветен поднесок. М.З. не е вработен во Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, како што беше објавено во дел од медиумите, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Жителот на Желино наплатна станица ја минувал со возило „мерцедес“ со гостиварски регистарски ознаки. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.01.2021 - 10:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега