Позната судбината на придавката „македонски“ во Мешовитата историска комисија

Придавката „македонски“ ќе се користи само во цитатите од записниците од средбиде на Мешовитата историск-образовна комисија. Во официјалните заклучи од средбите, пак, ќе се употребува уставното име на државата – Република Северна Македонија, објави Сител.

Телевизијата повикувајќи се на извори од Комисијата јавува дека и покрај тоа што и двете страни генерално се држат до своите позиции, вчерашната средба покажала дека има желба за напредок. За македонската страна е прифатливо што во дискусиите придавката останува во употреба.

Договор има и за името на самата комисија. Нема да се употребува македонска или бугарска страна на комисијата, а терминологијата е усогласена според официјалниот назив на ова тело – Комисијата на Република Северна Македонија или Комисија на Република Бугарија.    

-Беа предложени решенија кои се взаемно прифатливи за двете страни. Продолжува дискусијата по записниците за 10-та средба токму по тие прашања. Во таа смисла, постигнавме договор во согласност со меѓудржавната и меѓусебната пракса. Зборувам за, да речеме, учебници на РСМ, а не за македонски учебници, вели претседателот на македонскиот тим во Комисијата, Драги Ѓоргиев.

Она што и за двете страни сега претставува тема за договор е македонскиот јазик. Дискусијата за тоа како ќе се нарекува во официјалните заклучоци од средбите и натаму останува отворена, но најавите се дека во динина би се користел теминот официјален јазик на РСМ.

-Во врска со јазикот има јасна формулација која се применува во меѓусебните односи. Станува збор за официјален јазик, македонски јазик според Уставот на РСМ. И не очекувајте од Комисијата да врши некакви промени во однос на тоа. Нашата комисија не е ниту јазична, ниту пак политичка или дипломатска. Таа не се занимава со јазици, туку со историски и образовни прашања, членот на бугарскиот тим, Наум Кајчев.

Решенијата по овие прашања, според двете страни, продолжуваат и во наредниот период. До одржувањето на средбата во полн формат која треба да биде одржана на 25 и 26 февруари, ќе бидат разменувани предлози и идеи по електронски пат, со цел надминување на проблемите во официјалната терминологија.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.01.2021 - 20:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега