Позната состојбата на новороденчето чија мајка почина при породување во Куманово
Лекарите од Детска клиника ја следат состојбата на новороденчето чија мајка почина во петокот (27 септември) при породување во кумановската општа болница, соопштија денеска од Клиниката за детски болести. Оттаму велат дека не можат да прогнозираат каква ќе биде состојбата со новороденчето.
- Новороденото е на респираторна машина. Продолжува третманот, рано е дадеме некаква прогноза за последиците. Сè уште е во тешка општа состојба и е на респиратор, изјави директорот на болницата, Реџеп Мемеди.
Триесет и едногодишна родилка од Куманово почина во петокот при породување во кумановската општа болница. Новороденчето со екипа од кумановската болница беше префрлено на Ургентен центар на Детската клиника. Јавното обвинителство ги чека резултатите од обдукцискиот наод, истрагата ќе треба да ги покаже причините за смртта на младата кумановка.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа