Познат професор по глума силувал студентки во Белград: Мика Алексиќ имал посебна шифра за девојките кои ги злоупотребувал

Мирослав Мика Алексиќ познатиот сопственик на училиште за глума доцна синоќа е приведен поради тоа што повеќе девојки го пријавиле за силување и за сексуално злоставување.

Глуицата Милена Радуловиќ во исповед за еден дневен весник ја раскажа приказната за тоа како Алексиќ ја силувал додека била малолетна. Силувањето според неа се повторувало повеќе пати.

Медиумите во Србија тврдат дека пријава за Алексиќ поднеле повеќе девојки, неколку од нив биле и повикани да сведочат за непријатностите низ кои минувале.

Според извор на „Ало.рс“, Мика Алексиќ избирал само одредени девојки кои му биле привлечни и тие, како што наведува изворот, биле дел од „групата“.

-Овие девојки биле во иста актерска група, избрани така што тој можел да си ги задоволи неговите сексуални афинитети и нагони. Девојчињата не си кажувале едни на други што преживуваат затоа што се плашеле, но тие беа свесни дека името „група“ во која сите беа подразбира нешто повеќе од тоа дека само посетуваат училиште за глума, открива изворот на „Ало.рс“

Мирослав Мика Алексиќ е познат режисер кој повеќе децении го има училиштето за глума „Работа на срцето“.

Низ неговото училиште минале серија познати српски актери како Никола Ѓуричко, Никола Којо, Катарина Радивојевиќ и многу други.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.01.2021 - 11:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега