Познат поранешен фудбалер на Манчестер Јунајтед стана свештеник

Ирецот Филип Мулрин е познат фудбалер кој има играно за Манчестер Јунајтед. Во својата кариера има играно 27 пати за репрезентацијата на Ирска.

Всушност за тимот на Манчестер Јунајтед има изиграно само еден натпревар а потоа за половина милион фунти, во 1999 година премина во Норич.

Тој беше миленик на публиката со изиграни 161 натпревар.

Кога неговата кариера почна да оди по надолна линија реши да сврти сосема нов лист.

„Имав прекрасен живот како фудбалер и бев привилегиран, но сфатив дека во мојот живот има некоја празнина. Бев прилично шокиран. Зошто не сум среќен кога имам се што посакуваат младите? – изјавил Филип.

Откако во 2017 година стана доминикански свештеник, верниците му се обраќаат како пречесниот отец Филип Мурлин.

„Мојот повик кон свештенството и верскиот живот ми го смени животот и сум многу среќен“ – изјавил Филип.

29.01.2024 - 14:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега