Close Menu
Press24
    Најново

    55-годишник од липковско ги нападнал сопругата и ќерката, завршил зад решетки

    28.10.2026 во 20:18

    Нападнал полицаец кој го фатил додека продава дрога

    28.10.2026 во 20:01

    Драма во Германија: Четири лица повредени во експлозија во станбена зграда во Регенсбург, се трага по две лица

    28.10.2026 во 19:45
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • 55-годишник од липковско ги нападнал сопругата и ќерката, завршил зад решетки
    • Нападнал полицаец кој го фатил додека продава дрога
    • Драма во Германија: Четири лица повредени во експлозија во станбена зграда во Регенсбург, се трага по две лица
    • Официјално: Искра Хаџи Василева го победи Трајче Пеливанов со 7 гласа предност
    • „Алeлуја, Европа сфати“: Словачкиот премиер ја поздрави потребата за преговори со Москва
    • Проценки на Пентагон: Трошоците на американската војска во судирот со Иран надминаа 47 милијарди долари
    • Мобилната апликација m.Uslugi е достапна за сите корисници и на Андроид и на IOS уредите
    • Бремена жена ја преживеа несреќата во Шпанија, открива што се случувало
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Познат идентитетот на сите жртви: Покрај оперскиот првенец Ристе Велков и син му, на обиколницата загинаа уште две 20-годишни момчиња

    Познат идентитетот на сите жртви: Покрај оперскиот првенец Ристе Велков и син му, на обиколницата загинаа уште две 20-годишни момчиња

    22.05.2026 во 13:432 Mins Read
    ФОТО: Алсат
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерството за внатрешни работи попладнево го соопшти комплетниот идентитет на четирите лица кои синоќа трагично ги загубија животите во страшната сообраќајна несреќа на скопската обиколница.

    Меѓу загинатите е 51-годишниот првенец на Македонската опера и балет, баритонот Ристе Велков, неговиот 20-годишен син, како и уште двајца нивни млади сопатници.

    Полицискиот билтен ги открива иницијалите на сите жртви од патничкото возило кои починале на самото место на судирот.

    „Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот Р.В. и сопатниците од неговото возило, А.В.(20), П.М.(20) и М.Ѓ.(20), сите од Скопје. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телата на починатите се дадени на обдукција – се наведува во полицискиот билтен.“

    Катастрофалниот судир се случил во доцните вечерни часови на патниот правец помеѓу надвозникот Визбегово и клучката Мирковци.

    До несреќата дошло откако камион со косовски таблички пробил заштитна ограда и директно удрил во автомобилот во кој се наоѓале скопјаните.

    „Несреќата се случила синоќа во 23 часот кога помеѓу надвозник Визбегово и клучка Мирковци. Б.Б.(76) од Косово, управувајќи товарно возило – влекач „ман“ со полуприколка со косовски национални ознаки изгубил контрола над возилото и со него преминал преку металната ограда во спротивната насока на автопатот при што се судрил со патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.В.(51) од Скопје.“

    Веднаш по силниот удар избувнал голем пожар кој целосно ги проголтал автомобилот и предниот дел од камионот.

    На местото морале да интервенираат екипи на Бригадата за противпожарна заштита Скопје кои по повеќечасовна борба го изгаснале огнот.

    „По наредба на јавен обвинител возачот Б.Б. е лишен од слобода и задржан во полициска станица. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.“

    Поради сложеноста на увидот и расчистувањето на изгорените возила, сообраќајот на овој дел од обиколницата беше во прекин цели шест часа.

    Полицијата возачите ги пренасочуваше по алтернативни патни правци низ градот, а сообраќајот е целосно нормализиран утрово во 05:00 часот.

    Прочитај повеќе

    55-годишник од липковско ги нападнал сопругата и ќерката, завршил зад решетки

    28.10.2026 во 20:18

    Нападнал полицаец кој го фатил додека продава дрога

    28.10.2026 во 20:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.