Пожарникарите со полни раце работа: Избувнаа 19 пожари - два се уште се активни
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 1 682 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, во последното деноноќие. Од нив „реални“ повици биле 56,84%, а 43,16% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 60,99%, кон Итната медицинска помош 27,86%, а кон пожарникарите 7,43% од реалните повици кон 112 во ЦУК. Инаку, имало 741 повици за итни случаи на 112 за во ЦУК, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици и на тие што се именувани како „неитни повици“. Сите тие повици за итни случаи биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи (СУК).
ЦУК информира дека во последното деноноќие имаше 19 пожари вкупно на отворен простор во последното деноноќие, од коишто два се уште се водат како активни, во Општина Крушево и во Општина Ново Село, а 17 се целосно изгаснати.
Регионалниот ЦУК Битола, известува дека пожарот кој започна на ден 03.11.2024, над с.Белушино, бил активен и проширен на 3 краци. Гори букова и борова шума. Од утринските часови, вчера, интервенираат 4 вработени во ПШС,,Липа“- Крушево, ТППЕ Крушево 3 пожарникари и локално население. Заради непристапноста на теренот за возило за дотур на вода, гаснењето било отежнато. Попладнето пожарот се проширил со уште еден крак и зафаќа обем од околу 5 – 6 километри. Опасност по населени места нема. Во утринските часови на гаснење се упатени 10 вработени во ЈП,,Липа,, Крушево со 2 теренски возила. Теренот е непристапен, искачувањето се реализира пешки и со трактор, а исто така има и густа магла и виливоста е слаба, со што уште повеќе е отежнува гаснењето. Се дејствува, односно се гасне во делот над селото Белушино..
Регионалниот ЦУК Струмица, известува дека пожарот на планината Беласица помеѓу с.Смолари и с.Мокрино беше локализиран. Во интервенцијата учествувале ТППЕ Струмица со 7 пожарникари и 2 пп возила, и 2 од ПШС Беласица Струмица. Но, сношти, во 22.30 часот пожарот се активирал повторно. На лице место извршено е увид од страна на директорот на ЈП ПШС „Беласица“ и од МВР ПС Струмица, по што се побарало ПП возило од ТППЕ Струмица да дежура вечерва поради опасност кон викендица и манастирче. Пожарот бил на околу 200 метри од објект и според проценка на пожарникарите од ТППЕ Струмица немало опасност кон објекти или кон село. На лице место биле првите луѓе од Полицијата од Струмица и од ЈП ПШС „Беласица“ и 4 полицајци кои ке патролираат. Екипа од ТППЕ Струмица, со 1 пп возило и 3 пожарникари и 1 ПП возила и 1 пожарникар од Ново Село дежураа кај манастирот над с.Смолари. Направен бил заштитен појас од околу 500 метри. Пожарот е сопрен на околу 100 метри од манастирот. Инаку, синоќа од безбедносни причини беа евакуирани луѓето од манастирот. На терен дежураа и 4 полицајци од ПС Струмица. РЦУК Струмица телефонски извести дека пожарот на Беласица е се уште активен и дека на терен се интервенира.
Другите 17 пожари на отворено во државата се целосно изгаснати во последното деноноќие и биле на територијата на РЦУК Скопје 4, РЦУК Битола 2, РЦУК Струмица 3, РЦУК Охрид 3, РЦУК Штип, 2, РЦУК Тетово2 и на територијата на РЦУК Куманово 1.
Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации. Истовремено, ЦУК информира дека е корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа