Пожарите во Америка однеле 35 животи - огнот „проголта“ илјада куќи, воздухот е загаден и мириса на метал

Во пожарите кои веќе со недели беснеат во северна Калифорнија, Орегон и Вашингтон загинале најмалку 35 лица, уништени се илјада куќи, бизнис објекти, а негде и цели градови.

Поради огнот и пепелот во воздхот во Сан Франциско, Сиетл и Портланд овие денови се меѓу најлошите градови во светот и во извештаите е опишан како „катастрофален“, пренесува Гласот на Америка.

Агенцијата Асошиејтед прес пишува дека „чадот го исполнил воздухот со мирис на метал, како и мирис на метални парички“.

Поради загаденоста на воздухот, видливоста во некои места е 500 метри, што го прави возењето опасно, предупредуваат надлежните.

Стотици илјади луѓе морале да ги напуштат своите домови.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.09.2020 - 15:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега