Вчера во 15:01 часот во СВР Штип е пријавено дека околу 06:00 часот настанал пожар на оџак во стан на ул.„9 Мај“ во Штип, сопственост на С.А.(41) од Штип.
Поради вдушување на чад, неговата мајка Д.А.(65) и неговата 39-годишна сестра С.Д., двете од Штип, биле спроведени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје за укажување на лекарска помош.
Од пожарот е зафатен и друг стан, сопственост на Л.К.(61) од Штип.
Од екипа на Територијалната противпожарна единица Штип пожарот бил локализиран. За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Штип.
- Ладно утро, потоа пролет – Ова се температурите низ Македонија
- ДЗР откри: Некој „здиплил“ 30 лаптопи од Министерството за односи меѓу заедниците
- Полицијата застанала скопјанка – Таа почнала да дивее
- Ученик истепан во училишен двор во Чаир
- Мицкоски се сретна со Руте – потврда за силното партнерство и заемната доверба
- Измама во Македонија: Му земал 2.000 евра и исчезнал
- Кривична за Словенец – Мислел дека ќе ги измами цариниците на Табановце
- Полицијата ги фати: Уапсени четворица скопјани


