Пожар во магацин во Љубљана, препорачано е жителите да останат дома
Густ чад се шири во населбата Шентвид во Љубњана, како последица од пожар кој избувна доцна синоќа во голем магацин. На жителите им се препорачува да не излегуваат од дома, ниту да ги отвораат прозорците.
Пожарот се проширил од палети наредени до зградата и го зафатил магацинот на неколку фирми во кој имало и гуми, соопшти Агенцијата за цивилна заштита.
Според полицијата, во моментот на пожарот во зградата немало никој. Пожарот бил пријавен во полиција во четири часот наутро.
Во прекин е сообраќајот на автопатот северозападно од Љубљана и по околните улици, како и железничкиот сообраќај во регионот на Горење.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа