Пожар во ЈКП „Водовод“ Битола: Изгорени две работни машини и едно возило

 


Секторот за односи со јавност на СВР Битола информира дека на паркинг простор во кругот на Јавното комунално претпријатие „Водовод” во Битола настанал пожар од кој се зафатени две работни машини и едно патничко возило „фиат добло” со битолски регистарски ознаки, сите сопственост на претпријатието. 

Пожарот е изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Битола, а повредени лица нема. 

Увид извршила увидна екипа на СВР Битола. 

26.05.2025 - 15:12

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега