На 17.01.2026 во 10:45 часот, во СВР Велес е пријавено дека настанал пожар во свињарска фарма на правно лице, во село Долно Чичево, општина Градско.
Во пожарот угинале шест животни, а причинета е и материјална штета. Поради вдишување на чад, едно лице било пренесено во Општа болница Велес, додека четири лица се јавиле на преглед во Општа болница Неготино и три лица во Општа болница Кавадарци.
Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Велес. Увид извршиле јавен обвинител, вешто лице и увидна екипа од СВР Велес.
- Демократското движење: Нов крупен чекор кон официјализирање на Вреди во обединета политичка сила
- Избран е новиот врховен лидер на Иран по смртта на Хамнеи
- Внимавајте кога се договарате со мајстори: Старец измамен за 2.000 евра
- Скриен арсенал: Иранското министерство за одбрана тврди дека најмоќното оружје уште не е употребено
- Орбан и напиша писмо на Фон дер Лајен: Зеленски ме уценува
- Вреди наскоро ќе биде една партија
- Повик за евакуација на Македонци од Абу Даби
- Безбедносен штит: Француските „Рафали“ веќе патролираат над Заливот по наредба на Макрон

