Close Menu
Press24
    Најново

    Пожар во дискотека во Германија, во клубот имало околу 750 луѓе

    29.03.2026 во 12:10

    Кавадарчанец заврши зад решетки: Ја претепал поранешната сопруга

    29.03.2026 во 11:56

    ДУИ: Не нови иницијативи, туку спроведување на Законот за јазиците

    29.03.2026 во 11:45
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Пожар во дискотека во Германија, во клубот имало околу 750 луѓе
    • Кавадарчанец заврши зад решетки: Ја претепал поранешната сопруга
    • ДУИ: Не нови иницијативи, туку спроведување на Законот за јазиците
    • Анкета: Орце Ѓорѓиевски со голема доверба
    • Младеновска: Цените растат, мерки нема-владата на Мицкоски ги остави граѓаните сами
    • Младеновска: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема
    • ВМРО-ДПМНЕ: СДС под 5% доверба, ни еден пиар трик на Башановиќ не може да ја продаде новата програмa на Филипче
    • (ВИДЕО) Крајовски: Бараме истрага за труњето во РЕК
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Пожар во дискотека во Германија, во клубот имало околу 750 луѓе

    Пожар во дискотека во Германија, во клубот имало околу 750 луѓе

    29.03.2026 во 12:101 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Во дискотеката „Kiss klub“ во германскиот град Кел, во покраината Баден-Виртемберг, во текот на изминатата ноќ избувна пожар кој ја зафати целата зграда, во момент кога во неа имало околу 750 лица, соопшти локалната полиција.

    -Пожарот, кој избувна во клубот околу 3:45 часот наутро, се прошири на целата зграда. Според првичните информации на операторот, во моментот кога избувнал пожарот, во зградата се наоѓале околу 750 луѓе“, се наведува во соопштението на полицијата, кое го пренесува „Билд“.

    Причината за пожарот сè уште не е позната. Поголемиот дел од присутните на забавата во дискотеката ја напуштиле зградата зафатена од пожар до пристигнувањето на противпожарната служба. Засега нема извештаи за сериозни повреди, а три лица побарале медицинска помош.

    „Kiss klub“ е популарна дискотека со хип-хоп и афро музика во покраината Баден-Виртемберг на југозападот на Германија, а во неа редовно доаѓаат и посетители од блискиот Стразбур во Франција.

    Видео од пожарот ТУКА

    Популарно

    Пожар во дискотека во Германија, во клубот имало околу 750 луѓе

    29.03.2026 во 12:10

    Кавадарчанец заврши зад решетки: Ја претепал поранешната сопруга

    29.03.2026 во 11:56

    ДУИ: Не нови иницијативи, туку спроведување на Законот за јазиците

    29.03.2026 во 11:45

    Анкета: Орце Ѓорѓиевски со голема доверба

    29.03.2026 во 11:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.