Пожар избувна во фризерски салон во Скопје

 

Изминатата ноќ во 03:09 часот, бил пријавен пожар на ул.„Крушевска Република“ во Скопје, во фризерско студио сопственост на 32-годишниот С.Д. од село Кондово, информира МВР. Од огнот предизвикана била штета на фасадата од објектот и прозорите. Пожарот самиот се изгаснал околу 03:15 часот, пред да пристигне екипа од Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од полицијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.06.2020 - 16:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега