Повторно се огласија македонските хакери: Не сме поврзани со ниту една партија, сите партии ќе го јадат подеднакво
Хакерската група „AnonOpsMKD“ која на денот на изборите го нападна агрегатот „Тајм.мк“, објави нова порака преку која им се заканија на сите партии доколку изберат Албанец за Премиер, како и дека не се поврзани со нападот на ДИК, а за тоа ги посочија нивните „браќа“ од Косово.
Ова е нивната нова порака:
– Здраво на сите, Ви фалевме?
Неколку точки објаснувања околу целиот „хаос“:
– Не сме поврзани со нападот на ДИК, за тоа обратете се кај браќата од Косово, а доколку ви треба помош за пронаоѓање на сторителите отворете „дарквеб“, тие 2-3 „сајбер“ експерти во МВР знаат што е „дарквеб“, ако не ги имате тие „под Кале“.
– Не сме поврзани со ниту една партија, сите партии ќе го јадат подеднакво во текот на наредните недели, без разлика дали сте полуписмени, продадени души, фашисти или терористи.
– Не сме финансирани од ниту една партија, странска држава или странска служба, финансирани сме од гневот кон уништувачите на Македонија.
– Не сме Руси, Кинези, Унгарци, духови сме, нас не не наоѓате, ние ве наоѓаме вас.
Сега едно предупредување, буквална ЗАКАНА кон сите партии:
Ако дозволите ДУИ да ве натера да изберете Албанец за Премиер, во замена за мандати – очекувајте цела Македонија ќе биде превртена наопаку, целосен „блекдаун“ ќе ви се случи во рок од 24 часа, не си го играјте к…от со македонскиот народ.
Очекувајте повеќе твитови и интересни напади наскоро и не се замарајте да барате ИП адреси, логови или да ги контактирате Твитер за помош, ИП адрестата ни е на Марс, логовите пак во Дрисла.
„We do not forgive, we do not forget. Expect us“, пишува во пораката.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа