Повторно се излеа реката во Неготино: Или сме поплавени или жедни, златна средина нема

По трет пат ова лето се излеа реката во Неготино, објави „Фокус“.

Заглавените автомобили и водата во подрумите на околните згради станаа редовна слика при секој летен дожд во Неготин.

Поради денешното невреме жителите останале и без електрична енергија, а и без вода за пиење.

Граѓаните револтирано реагираат на социјалните мрежи и ги прашуваат надлежните каде тоа живеат, кога основните права загарантирани со закон секојдневно им се скратуваат.

-Или сме поплавени, или немаме вода за пиење. Каде и во кој век живееме и до кога вака?-прашуваат неготинчани, кои со децении се соочуваат со истите проблеми, за кои ниту една власт не најде трајно решение.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.08.2020 - 13:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега