Повторно над 400 новозаразени во Србија

Повторно над 400 заразени од коронавирусот за еден ден во Србија. Во последните 24 часа бројот на новоинфицирани се зголеми за 412, а десет луѓе починаа. Со тоа вкупниот број на починати во оваа држава се искачи на 508.

На болничко лекување во моментов се 4.649 заболени, но министерот за здравство Златибор Лончар тврди дека има повеќе отпуштени и излекувани пациенти отколку они кои доаѓаат на лекување.

Вкупниот број на инфицирани од Ковид-19 е 22.433 од направени 591.350 тестови.

Четвртокот 23-ти јули е денот во кој досега се направени најмногу тестирања од почетокот на епидемијата – 11.079, а српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека Србија тестира најмногу од сите држави во регионот.

Вучиќ за РТС рече дека Србија се решила на поинаков пристап од многу други земји.

-Ние тестираме повеќе од другите, бидејќи сакаме да ја идентификуваме болеста и да се бориме за животите на лушето, а не за политички бројки, рече Вучиќ за РТС.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.07.2020 - 19:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа