Повредени три жени во сообраќајката кај „Мавровка", со брза помош пренесени во болница

Три жени се повредени денеска во сообраќајната несреќа, која се случи кај ТЦ „Мавровка“, откако автобус излета од коловозот.  

Од Итната медицинска помош за МИА потврдија дека се повредени три жени, од кои едната се пожалила на болки во колкот, а другите две се здобиле со полесни повреди. Сите три со возило на Брза помош се пренесени во Клиниката „Свети Наум Охридски“.

На местото на сообраќајката е излезена полицијата, која врши увид, а повеќе детали најавуваат за подоцна. 

08.07.2024 - 15:18

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега