Повредена жена откако се превртел трактор

Вчера во 14.30 часот во Полициската станица Кратово било пријавено дека во с.Трновац, кратовско, Ч.Ј.(60) од Скопје, управувајќи трактор на кој имало полуприколка натоварена со огревно дрво, изгубил контрола и се превртел тракторот и полуприколката, информира МВР.

МВР соопшти дека во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката П.М.(48) од с.Куклица, кратовско, констатирани во ЈЗУ „Кратово“.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кратово.

27.09.2022 - 12:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега