Повреден параглајдерист во Крушево, со полициски хеликоптер транспортиран во болница
Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти дека денеска во 18:11 часот на единствениот број за итни случаи 112 е добиена пријава за тешко повреден германски државјанин, параглајдерист.
Тој има отворена скршеница на едната нога и, како што наведува ЦУК, веројатна повреда на рбетот и се наоѓа на полетиштето за параглајдери пред Мечкин Камин во Крушево.Поради сериозноста на повредите од екипата на итната медицинска помош и градоначалникот на Крушево е побаран итен хеликоптерски транспорт.
-Полицискиот Ми-171, во кој се наоѓам во моментот, итно го пренасочивме кон тешко повреденото лице и моментално сме во непосредна близина на Крушево, информира ЦУК.
Повредениот параглајдерист е транспортиран во Клиниката „Жан Митрев“ во Скопје.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа