Повреден мотоциклист при сообраќајка во Пробиштип

 

Во сообраќајка каде учествувале мотор и автомобил во Пробиштип, 26- годишник се здобил со тешки повреди, по што бил префрлен во болница.

Според пријавеното, вчера во 13.15 часот било пријавено дека во Пробиштип на ул.„Миро Барага“, во близина на крстосницата со ул.„Тодор Александров“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „сузуки свифт“, со штипски регистарски ознаки, управувано од Ф.П.(67) од Пробиштип и мотоцикл „кавасаки“, без регистарски ознаки, управуван од С.А.(26) од Пробиштип.

Во незгодата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Штип, каде што бил пренесен за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Пробиштип.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.07.2020 - 10:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега