Повеќе не живеат во Лос Анџелес – Меган и Хари повторно се преселија во нова вила

По животот во Ванкувер и Лос Анџелес, Меган Маркл и принцот Хари одлучија со синот Арчи да се преселат во Санта Барбара, пишува магазинот „People“.

Како што наведува споменатиот магазин, Меган и Хари ја купиле својата нова вила во овој живописен приморски град, кој лежи на околу 100 милји северно од Лос Анџелес.

– Војводата и војвотката од Сасекс се вселија во својата нова семејна куќа во јули оваа година, изјави претставничката на брачниот пар за магазинот „People“.

– Од моментот на пристигнувањето имаат целосна приватност и се надеваат дека тоа ќе биде испочитувано и за нивните соседи, како и за нив како семејство, додаде таа.

Како што се наведува, сега откако се преселија, Меган и Хари се многу поблиску до својата пријателка, славната водителка Опра Винфри, која поседува неколку вили во ова подрачје.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.08.2020 - 14:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа