Денеска во СВР Струмица е пријавено дека во езерце лоцирано во Градски парк во Струмица е пронајдена Л.К.(71) од село Едрениково, струмичко, без знаци на живот.

Лекар од ИМП Струмица констатирал смрт, а увид изврши екипа на СВР Струмица.

По наредба на обвинител телото на починатата е дадено на обдукција.

Од ЦУК сабајлево информираа дека ноќеска во 01:45 часот по полноќ било пријавено дека во езерцето во паркот во Струмица е пронајдено безживотно тело на жена, по што на терен излегле екипи на полицијата и јавен обвинител за да извршат увид на местото на настанот.

Exit mobile version