Потресно сведоштво на родилката од Дебар: Влегла во операциска сала - по 10 дена во кома се разбудила на Интензивна нега во Скопје без бубрег, матка и јајник

Потресно сведоштво на родилката од Дебар за Сител. 28-годишната Јилдиз Веповска цели четири седела во агонија во струшката болница пред докторите да проверат зошто таа има силни болки во стомакот.

Постојано се жалела на болки во стомакот, но и покрај лошата здравствена состојба, директорот на болницата, д-р Мухамед Асани три дена по породувањето и дал отпусно писмо. Но, веднаш штом го повикала сопругот, нејзината состојба значително се влошила.

-Јас добивам огромни напади, плачам, пискам, викам и кажувам дека имам огромни болки. Му се јавувам на мојот сопруг, му велам: „Јас умирам, барај го докторот“, додавајќи дека откако дошол д-р Асани заедно со анестезиологот, ѝ направиле ЕХО и ѝ рекле дека мора да влезат во операциската сала.

На Веповска не ѝ било јасно зошто повторно треба да оди на операција, а медицинскиот персонал не ѝ кажувал зошто треба да се оперира. Влезот во операциската сала е последното нешто на што се сеќава. 10 дена била во кома, а се разбудила во Скопје на КАРИЛ без едниот бубрег, матката и јајникот.

- Кога се будев, јас сум Скопје, на КАРИЛ, на 300 апарати на Интензивна нега, вели Јилдиз.

Таа и нејзиното семејство се сомневаат дека наместо д-р Асани, породувањето го вршел неговиот син, и оти тука некаде се случила грешката.

Семејството Веповски ќе поднесе кривична пријава за директорот на струшката болница, Асани. Од Министерството за здравство велат дека стручна комисија го разгледува случајот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.01.2021 - 18:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега