Потресно сведоштво на Јован: Страшни глетки од „Пулс“ – Викотници и пискотници на кои никој не сака да се потсетува!

 

Јован Костадинов, 19-годишното момче од Виница, кое стана симбол на храброст и несебичност, за првпат ја раскажува својата приказна за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Во интервју за иницијативата „Супорт Кочани“, македонскиот херој го открива своето сведоштво за спасувачката акција која спаси повеќе од дваесетина животи.

Викотници и пискотници на кои никој не сака да се потсетува“ – така го опишува тој моментот кога, соочен со хаосот и паниката, ги вадел луѓето на сигурно. Во еден миг, поради истоштеност и вдишување на густ чад, Јован паднал на колена. Иако физички исцрпен и со намален здив, не престанувал да помага.

Во еден момент почувствував дека ми се слошува и не можев повеќе да стојам. Со уште двајца повредени успеавме да се добереме до возило кое нè однесе во болницата во Кочани. Таму веќе беше хаотично – лекари, повредени, семејства… никој не знаеше што се случува и колку е сериозна состојбата“, сведочи Јован.

Со својата храброст и присебност во најкритичниот момент, Јован Костадинов не само што спаси човечки животи, туку покажа дека хероите постојат и меѓу нас. Неговата приказна е потсетник дека солидарноста и човечноста секогаш победуваат, дури и кога ситуацијата изгледа безнадежна.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by @supportkocani

30.03.2025 - 10:42

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега