Потрагата по преживеани во автомобилот што излета во Вардар е прекината

Потрагата по преживеани лица во автомобилот којшто денеска излета во Вардар, кај с.Желино е прекината поради намалена видливост во ноќни услови, информираат од Центарот за управување со кризи за Прес24.

„Потрагата е прекината поради намалена видливост во ноќни услови. Сите се повлекле“, велат од ЦУК. 

Инаку, за потсетување од РЦУК Тетово, претходно денеска известија дека од последниот контакт со ПС Групчин во 17:40 часот e добиена информација дека се уште не е пронајдено лицето возач и евентуални сопатници, ако ги имало, од автомобилот што излета во реката Вардар кај с.Желино. 

Освен специјализирана екипа од МВР, во потрагата учествуваа шест припадници на ТППЕ Тетово, шест вработени во општина Желино, како и специјален тим нуркачи од ДЗС Велес.

Повреќе информации за овој немил настан се очекуваат во текот на утрешниот ден, по што дополнително ќе информираме.

 

 

27.09.2022 - 20:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа