Во Тетовскиот регион нема нови пријави за излевање на реката Вардар кај селото Форино, ниту на останатите водотеци, каде што вчера беше регистрирано излевање и поплавување, соопшти утрово Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Во Битолскиот регион, преку единствениот број за итни повици 112, е примена пријава од жител на улицата „Буквски мост“ за поплавена куќа. Случајот е проследен до ТППЕ Битола за понатамошна интервенција. Нивото на Црна Река кај селото Новаци изнесува 310 сантиметри. Во ЕЛС Долнени утринава е воспоставен контакт и се очекува интервенција на патниот правец од селото Сливје кон селото Костинци, кој се наоѓа во лоша состојба. Активностите ќе се спроведат со механизација на ЈП „Македонијапат“.

На подрачјето на Кичево нема нови поплавени објекти. Состојбата е стабилна, а нивото на реките и водотеците бележи континуирано опаѓање.

Вкупно 250 евакуирани лица се згрижени во спортската сала „Христо Узунов“, каде што им се обезбедени храна, вода и средства за хигиена. Екипи на ЈП „Комуналец“ и ТППЕ вршат испумпување вода од подрумските простории на улиците Прилепска, Пиринска, Први Мај и 29 Ноември.

Exit mobile version