Потона товарен брод во Кинеското Море, се трага по осум члена на екипажот

 

Јапонската и јужнокорејската крајбрежна стража трагаат по осум члена на екипажот на товарниот брод што во текот на ноќта потона во Кинеското Море, југозападно од Јапонија.

„Досега се спасени вкупно 14 члена на екипажот“, изјави утринава портпаролот на јапонската крајбрежна стража.

Единаесет од нив биле во несвест, соопшти јужнокорејската крајбрежна стража.

Националноста на спасените членови на екипажот не е позната. Тие биле пренесени до пристаништето Нагасаки, на југозападот на Јапонија. „Џин Тијан“, товарен брод регистриран во Хонг Конг, издаде СОС-сигнал доцна вечерта во вторникот по јапонско време.

На помош дојдоа три комерцијални брода, кои се нашле во близина.

 
25.01.2023 - 15:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега