Последните зборови на Жарко Лаушевиќ: „Само сакам да си заминам достоинствено“

Актерот Жарко Лаушевиќ почина по кратко и тешко боледување на 64-годишна возраст.

Тажната вест ја потврди и неговата сопруга Анита, додека нејзината сестра раскажа како изгледале последните денови на славниот актер кој не можел да се избори со опасната болест.

„Почина денеска околу 12 часот. Лежеше во болницата на Бежанијска коса. Не беше добро и на крајот не можеше да се избори со болеста. Анита е добро, добро го издржа ова, секоја чест за неа. Претпоставувам дека и е полесно кога ќе го види детето, не знам“, изјавила за медиумите, а како што дознава „Курир“, Жарко пред да го напушти прерано овој свет рекол:

„Живеев за моите улоги“. Тој беше свесен колку е тешко болен и во еден момент дури изјави: „Само сакам да си заминам достоинствено“,

И покрај тешката дијагноза и тешката терапија, тој снимаше и беше активен речиси до последниот ден од животот.

15.11.2023 - 23:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега