Последната изјава на проф. Ѓорчев: Доцнењето со вакцините ќе чини многу животи

На Клиниката во Ниш вчера почина специјалистот по пулмологија и алергологија, професорот Анѓелко Ѓорчев на 72-годишна возраст. Тој е татко на поранешниот пратеник Влатко Ѓорчев.

Докторот Анѓелко Ѓорчев не се разбудил од кома во која падна само две минути откако ја примил вакцината против коронавирус во Ниш предминатиот викенд. Семејството чекаше да се подобри неговата состојба, но тоа не се случи.

Пред неколку месеци доктор Ѓорчев предупредуваше дека доцнењето на вакцините Македонија ќе ја чини многу изгубени човечки животи

-Доцнењето на вакцините Македонија ќе ја чини многу изгубени човечки животи, изјави за телевизија Алфа пред неколку месеци д-р Анѓелко Ѓорчев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.04.2021 - 10:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега